Роналдо одби да игра, сака да го напушти Јувентус

од Nikola Popovski

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одби да игра како стартер за Јувентус на натпреварот против Удинезе, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Натпреварот на Јувентус со Удинезе е закажан за недела во 18:30 часот, а Португалцот нема намера да влезе доколку не се појави огромна потреба.

Претходните денови многу се зборуваше за негово заминување од клубот, Кристијано тоа донекаде го негираше, тврдејќи дека „многу луѓе не смеат да играат лесно со неговото име“. Тој додаде дека, како и секогаш, верува само во работата.

„Така одлучивме заедно со Роналдо. Ова е нормална работа. Роналдо ќе остане со нас сто проценти “, рече Павел Недвед, потпретседател на Јуве за ДАЗН.

Пред тоа, Романо информираше дека Португалецот нема да биде стартер, туку дека сака да го напушти клубот во кој помина цели три години.

„Тоа беше прецизно барање од Кристијано Роналдо, бидејќи се надева дека ќе најде решение на пазарот во наредните денови. Но, Јувентус не доби официјални понуди за него“, пишува Романо.

Слични содржини