Роналдо останува во Манчестер Јунајтед барем до јануари

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо нема да го напушти Манчестер Јунајтед сега и ќе биде со тимот понатаму, увери менаџерот Ерик тен Хаг на прес-конференција попладнево – еден ден пред затворањето на пазарот.

„Јасно е дека ни требаат класа фудбалери. Ни требаат повеќе за да ги „покриеме“ сите наши натпревари“, изјави Холанѓанецот.

Претходно денеска се разбра дека Наполи ја одбил можноста да потпише со CR7, што се чинеше дека е последна опција за Португалецот.

Тен Хаг објави и дека евентуалниот заминувачки трансфер на Арон Ван-Бисака пропаѓа. „Секако дека Арон останува. Ова е составот со кој ќе бидеме од септември барем до јануари“, објасни Тен Хаг.

Така јасно стави до знаење дека нема шанси да дојде нов десен бек бидејќи тоа е врзано со задолжителното заминување на Ван-Бисака.

Денеска се очекува Јунајтед да го објави потписот на голманот Мартин Дубравка од Њукасл, кој ќе биде резервната копија на Давид Де Хеа. Тен Хаг го потврди доаѓањето на Словакот, кој ќе биде на позајмица со опција за откуп.

„Мислам дека тоа беше за нас во овој преоден рок. Но, кога ќе се појави нешто исклучително како прилика, како голем клуб секогаш треба да бидете подготвени“, заклучи менаџерот.

Слични содржини