Роналдо откри уште колку планира да игра

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо доби признание на церемонијата на ФИФА, а потоа откри интересни детали.

– Луѓето понекогаш ме прашуваат уште колку години планирам, а се надевам дека ќе можам уште четири или пет години. Ако се грижите за вашето тело, кога на вашето тело му е потребно, тогаш тоа ќе ви „врати““, изјави Роналдо.

Кристијано ја доби наградата за соборување на рекордот на иранскиот центарфор Али Даеи од 109 гола во дресот на Иран.

– Никогаш не мислев дека ќе го соборам тој рекорд. Многу сум горд и ова е специјална награда од ФИФА како организација која многу ја почитувам. Навистина сум горд и ова е големо достигнување. Сè уште чувствувам страст за играта, не само да постигнувам голови, туку и да се забавувам. Кога излегувам на терен, па и на тренинг, се уште сум мотивиран. Наскоро ќе наполнам 37 години, но се чувствувам добро и планирам да продолжам – изјави Роналдо.

Слични содржини