Роналдо пушти слика и собра 5,5 милиони лајкови на Инстаграм за саат време (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо, најпопуларниот човек на Инстаграм со неверојатни 235 милиони следбеници, штотуку предизвика вистинска хистерија кај фановите.

Имено, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња беше фотографиран во шорцеви, додека, се чини, зеде длабок здив и откри дека навистина има чудесно извајано тело. За нешто повеќе од еден час, фотографијата им се допадна на околу 5,5 милиони луѓе, број што малкумина можат да го соберат за толку кратко време на која било од социјалните мрежи.

Патем, Роналдо во моментов е на крстарење со семејството, но веруваме дека неговата душа е се уште во болка и дека не успеа да се опушти целосно. Да потсетиме, влеговме во недела кога завршницата од Лигата на шампионите започнува во Португалија, но тој нема да биде дома, бидејќи Јувентус веќе загуби од Лион во осминафиналето.

View this post on Instagram

On board🛥😉

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Слични содржини