Роналдо резервирал цел ресторан во Сан Ремо, за да ги измами новинарите

од Vladimir Zorba

Синоќа, Кристијано Роналдо присуствуваше на музичкиот фестивал во Сан Ремо. Неговата девојка Џорџина беше домаќин на настанот во четвртокот вечерта, а sвездата на Јувентус беше таму за да ја поддржи.

Присуството на Португалецот се очекуваше да предизвика немири во градот. Роналдо и Џорџина пристигнале со хеликоптер, кој слетал на терен за голф. Новинарите, пак, кружеле низ улиците на Сан Ремо за да се обидат да дознаат кои места би ги посетил фудбалерот.

Сепак, Кристијано не сакал да биде вознемируван. Тој резервирал цел ресторан во „Сан Ремо“ за да ги измами новинарите.

Во меѓувреме, тој вечерал десет километри од градот во Бордигера.

Слични содржини