Роналдо: Се чувствував засрамен од обвиненијата против мене

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо призна дека се почуствувал засрамен од наводите за силување и како тоа може да влијае на неговото семејство.

Sвездата на Јувентус беше испрашувана од американските власти во врска со инцидентот со Американката Кетрин Мајорга, со која имал сексуален однос во јуни 2009 година во Лас Вегас. Минатиот септември, Мајорга го обвини Роналдо за силување, но врз основа на доставените информации, тоа не беше докажано и Португалецот беше ослободен.

„Тие си играат со вашето достоинство“, рече напаѓачот во интервју за „Good Morning Britain“.

„Тешко е. Имам девојка, семејство, деца. Кога си играат на овој начин со вашата чест, лошо е и тешко. Се сеќавам на еден ден дома, бев пред ТВ со мојата девојка, и таму разговараа за тоа како Кристијано Роналдо сторил ова и она. Слушнав дека моите деца доаѓаат тука и го сменив каналот затоа што бев засрамен. Јас го сменив каналот затоа што не сакав Кристијано Џуниор да слушне дека некој зборува лошо за неговиот татко на таква тема“, рече португалската sвезда во интервјуто.

Слични содржини