Роналдо се почести со ново Бугати, произведено во само десет примероци

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја збогати својата гаража со страшна машина. Роналдо се почести со новиот бугати „Centodieci“, модел толку уникатен што беше произведен во само десет примероци, пренесе британски „Мирор“

Фактот дека ова Бугати постигнува забрзување од 100 км / ч за импресивни 2,4 секунди, а до 200 км / ч за само 6,1 секунда, зборува за тоа за каков „ѕвер“ на четири тркала се работи.

Овој автомобил развива максимална брзина до 380 километри на час, а цената е „мала работа“ – 9,5 милиони евра.

Патем, интересно е да се истакне дека сопственик на Бугати во јули оваа година стана 33-годишниот Хрват, Мате Римац, кој го разви првиот хрватски електричен автомобил „Concept one“.

Слични содржини