Роналдо сè уште не е регистриран, а веќе е вмешан во нов скандал: Џорџина и тој го кршат законот на Саудиска Арабија!

од Radmila Tasevska

Кристијано Роналдо и неговото заминување во Ал-Наср сè уште е една од најголемите теми во фудбалскиот свет, но и надвор од него. Па сега се поставува прашањето дали саудиските власти ќе ги казнат фудбалерот и неговата партнерка Џорџина Родригез за кршење на тамошните закони.

Имено, Кристијано Роналдо и Џорџина не се во брак, а според законите на Саудиска Арабија, невенчана двојка не смее да живее заедно. Во врска со ова, шпански Спорт ги контактираше саудиските адвокати, кои им порачаа дека не треба да има проблем за славниот Португалец и неговата партнерка.

„Иако законот сè уште забранува соживот без брак, властите почнаа да замижуваат пред ваквите случаи, особено кога станува збор за странци. Се разбира, ако има кривично дело, тогаш властите ќе реагираат“, изјави еден саудиски адвокат кој сакаше да остане анонимен.

Слични содржини