Актуелно
Почетна / Спорт / Роналдо шокира со новиот имиџ: „Изгледаш како девојче!“

Роналдо шокира со новиот имиџ: „Изгледаш како девојче!“

Клубовите од италијанската Серија „А“ гласаа да го продолжат шампионатот на 13 јуни, но конечната одлука ќе ја донесе италијанската влада.

Секако, играчите кои доаѓаат од надвор, ќе треба да поминат две недели во самоизолација, а таму треба да се подготват и за можно продолжување на сезоната. И додека некои играчи сигурно ќе ги искористат овие денови одмор, па ќе излезат на теренот малку неподготвени, оној што сигурно ќе биде подготвен е Кристијано Роналдо.

Откако неодамна ги соблече своите боксери и го покажа своето извајано тело, тој сега реши да ја покаже својата нова фризура. Во описот, тој праша кратко: дали одобрувате?

Постот собра повеќе од десет милиони лајкови и над 160 илјади коментари за помалку од 18 часа. Новиот изглед на славниот Португалец предизвика бројни реакции.

И додека на некои луѓе им се допаѓа новата фризура, имаше и такви кои беа шокирани и немаа многу убави зборови. Најчеста забелешка е дека Португалецот сега изгледа „како девојче“.

View this post on Instagram

Approved ? 🤔

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

loading...