„Роналдо, шутни ако смееш“: Голманот на Вила го испровоцира Португалецот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Крајот на натпреварот против Астон Вила ги „повреди“ навивачите на Манчестер Јунајтед. Откако имаа залудна иницијатива во текот на целиот натпревар од кој не постигнаа гол, „црвените ѓаволи“ беа казнети со гол на гостите од корнер, по што следеше катастрофално промашување на Бруно Фернандез од пенал.

Многумина тогаш се прашуваа зошто Кристијано Роналдо не презеде одговорност, туку ударот го препушти на неговиот сонародник Бруно, а камерите уловија еден детал кога играчите се собраа околу белата точка. Имено, голманот Емилијано Мартинез пријде и го провоцираше еден од најдобрите играчи на светот.

Покажа со прст кон него, сакаше Кристијано Роналдо да го изведе пеналот, ако може, и на крајот тоа не се случи, па Бруно ја презеде одговорноста, на кого навивачите уште еднаш „фрлаа дрвја и камења“, бидејќи овој пораз би можел да ги чини кога ќе се повлече конечната линија на крајот на сезоната.

Секако, голманот на Вила не може да се обвини за апсолутно ништо, одигра тактички перфектно, влезе во главата на двајцата играчи на Манчестер Јунајтед и со тоа делумно ја „сочува“ победата во рацете на својот тим.

На тој начин, тој само дополнително ги заплетка работите во Премиер лигата. Во моментов, прв е Ливерпул со 14 бода, а еден помалку собраа Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед и Евертон. За да бидат работите поинтересни, Брајтон би можеле да бидат први на крајот од шестото коло, доколку победат на гостувањето кај Кристал Палас на „Селхерст Парк“ во понеделник, што би било еден вид сензација.

Слични содржини