Роналдо „удри“ противник, па промаши пенал (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер во Португалија, имаше мал испад на натпреварот со Република Ирска во квалификациите за Светското првенство.

Тој го удри дефанзивецот О’Ши непосредно пред изведувањето на пеналот. Далеку од тоа дека Ирецот не го испровоцира (ја тргна топката од белата точка), но таквиот потег на асот на Јунајтед е навистина несоодветен.

Ирецот и му дофрли нешто во таа прилика, кога Роналдо замавна со тупаница, а О’Ши одлучи да симулира дека ударот е многу посилен.

Сепак, судијата од Словенија не го казни Роналдо за ова однесување.

Ирецот успеа во намерата бидејќи Роналдо подоцна го промаши пеналот, поточно му го одбрани голманот на Република Ирска.

 

Слични содржини