РОНАЛДО УДРИЛ СОИГРАЧ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА: Откриени скандалозни детали!

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч на Јувентус, Масимо Мауро откри скандалозни детали од соблекувалната на овој клуб додека таму играше Кристијано Роналдо.

Мауро откри дека никој не го сакал Роналдо, дека Португалецот бил насилен кон колегите, па дури и удрил еден.

Гостувајќи во програма, Мауро ги замолил останатите во студиото да не го споредуваат Роналдо со Марадона, бидејќи тој тоа не го заслужува. Тој откри неколку прилично интересни детали.

„Не го споредувајте со Марадона. Сите го сакаа тој човек, тој беше популарен меѓу соиграчите, додека Роналдо ја распарчи соблекувалната на Јувентус. Еднаш дури удри колега во соблекувалната. Федерико Киеза треба да собере храброст да го каже тоа Затоа Пирло не го искористи на последниот натпревар на клупата на Јувентус“, истакна Мауро.

Во текот на три сезони во Торино, Кристијано Роналдо одигра вкупно 134 натпревари и постигна 101 гол за Јувентус. Со „бјанконерите“ освои две титули во италијанскиот шампионат, но остана без трофеј во Лигата на шампионите, поради што беше донесен од Реал Мадрид за 100 милиони евра.

Трансферот во Манчестер Јунајтед не испадна успешен, а се шпекулира дека Роналдо прави раздор во соблекувалната на клубот од „Олд Трафорд“.

Слични содржини