Роналдо влезе во историјата на Јувентус со денешните два гола

од Nikola Popovski

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, постигна два гола, двата од пенал, попладнево на мечот во натпреварот од 22. коло од Серија А со Фиорентина (3:0).

Триесет и четиригодишниот Португалец стана вториот играч на Јуве кој постигна гол на девет последователни натпревари во италијанската лига.

Претходно, такви реализаторски способности како Роналдо во дресот на Јувентус покажал Давид Трезеге во периодот октомври – декември 2005 година.

Роналдо постигна 14 гола на последните 9 натпревари од првенството. Вкупно, Кристијано има 19 во Серија А. Тој е на второто место на списокот на стрелци зад напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој досега има 25 гола.

Слични содржини