Роналдо во дилема, неговата мајка има само едно барање пред да почине

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо е брилијантен во дресот на Манчестер Јунајтед откако се врати во клубот каде се стекна со голема слава.

Португалецот беше ефикасен откако се врати, и многумина се прашуваат дали ова ќе биде последен клуб во неговата кариера.

Неговата мајка Долорес, која редовно ги гледа натпреварите на нејзиниот син, би сакала да не е така.

„Роналдо мора да се врати во Спортинг, тој би се вратил тука заради мене. Сака да гледа натпревари на Спортинг. Веќе му реков „Сине, пред да умрам, сакам повторно да те видам во Спортинг“. Ќе видиме, рече тој. Но, ако не тој, тогаш Кристијанињо. На негова возраст, тој игра подобро од Роналдо “, изјави мајката на Роналдо за португалските медиуми.

Исто така, таа е воодушевена од талентот на нејзиниот внук.

„Во тоа време, Роналдо немаше тренер, но сега Кристијано е тренер за неговиот син. Постојано му вели, тато, кога ќе се преселиме во Лисабон, сакам да играм за Спортинг“, вели Долорес.

Слични содржини