Роналдо воодушевен од Ролс Ројс кабриолетот кој го доби од Џорџина за Божиќ

од Vladimir Zorba

Џорџина Родригез на својот Инстаграм профил објави дека за Божиќ на Роналдо му подарила нов кабриолет Ролс-Ројс, што го направила видно среќен.

На видеото кое сопругата на Роналдо го објави на својот профил на Инстаграм, следбениците можеа да видат како е поставена трпезата за божиќната вечера и како го изненадила сопругот со подарок.

Судејќи според видеата, Роналдо бил пријатно изненаден и воодушевен и веднаш целото семејство се сместило да проба какво е чувството кога ќе седнат во него.

Ти благодарам љубов моја“, напиша Роналдо под објавата на Џорџина.

На крајот Џорџина покажа што добиле децата од Дедо Мраз.

Слични содржини