Роналдо: Заминав од неверојатен клуб

од Nikola Popovski

Одекна бомба во фудбалскиот свет. Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. Разделбата со Јувентус беше неизбежна, и двете страни очигледно многу го посакуваа. Сепак, Португалецот напиша трогателна проштална порака на својот профил на Инстаграм.

– Денес заминав од неверојатен клуб, најголемиот во Италија и секако еден од најголемите во цела Европа. Го дадов срцето и душата за Јувентус и секогаш ќе го сакам градот Торино. Навивачите секогаш ме почитуваа и јас се обидував да се борам за почит на секој натпревар, секоја сезона во секое натпреварување. На крајот, можеме да кажеме дека постигнавме големи работи, не се што сакавме, но испишавме прекрасна приказна – напиша Роналдо.

Португалецот дојде во Јувентус за 100 милиони евра пред три години со цел да го донесе трофејот во Лигата на шампионите. Не само што не успеа, туку само во првата сезона, Старата дама со него стигна до четвртфиналето, а во следните две беше елиминирана во осминафиналето. Минатата сезона Јувентус го загуби приматот во Италија, за првпат по девет сезони.

Слични содржини