Рондо го скрши палецот, оди на операција

од Vladimir Zorba

Ражон Рондо, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, го скрши палецот на десната рака на тренинг.

Поради тоа, тој ќе направи пауза од шест до осум недели, објави клубот.

Рондо ќе биде подложен на операција оваа недела.

Тимот е во Орландо од четвртокот, каде се подготвуваат за продолжување на сезоната во НБА.

Рондо игра за Лејкерс од 2018 година, а од тогаш двапати отсуствуваше од терените поради повреди на рацете.

Оваа сезона, тој во просек има 7,1 поен, 5 асистенции и три скока.

Слични содржини