Роси: Не размислувам за пензија!

од Vladimir Zorba

Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам, легендарниот Италијанец Валентино Роси, како и сите негови колеги од највозбудливиот спорт на тркала, во самоизолација го чека крајот на пандемијата. Минатата недела поминаа точно 20 години од дебито на легендарниот „доктор“ во Светското првенство во најсилната класа.

Роси, кој секако е тешко погоден од катастрофата во Италија, вели дека почетокот на сезоната требало да му помогне да одлучи што да прави следната година, со оглед дека Jaмаха, фабричката екипа, покрај Маверик Вињалес, клупскиот колега на Роси, потпиша договор со францускиот пилот Фабио Квартараро за следниот шампионат.

– Сега не е време да размислувам за тоа. Ќе видиме како оваа година ќе заврши воопшто. Ќе почекаме две или три трки и ќе видиме колку сум конкурентен, брз, па ќе ја донесам одлуката многу лесно – вели Роси.

Валентино со насмевка се сеќава на своето деби во Јужна Африка пред 20 години, во кое победи Австралиецот Гери МекКој.

– Бев многу среќен. Возев Хонда 500, но и Мото ГП. Убави времиња – вели Роси.

„Докторот“ е во самоизолација во дом во Тавулија. Тој ги повикува сите да останат дома, и вели дека не му е тешко со оваа самоизолација затоа што знае дека им дава пример за другите како да се однесуваат одговорно.

– Јас сум дома со вереницата Франческо и мајка ми Стефанија, плус нашите мачки и кучиња. Тоа е мојот тим сега. Братот Лука живее неколку милји далеку со својата вереница. Среќни сме што има една мала тренинг соба во куќата, исто така, па јас се обидувам да ја задржам форма колку што е можно, вели Роси, кој гледа филмови, ТВ серии, но исто така се натпреварува со некои други колеги возачи во симулатор.

Слични содржини