Рот: Иднината на Западен Балкан е европска

од Берта Китинска

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Скопје, смета дека крајно време е ЕУ да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со С.Македонија и Албанија.

-Крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Иднината на Западен Балкан е европска – треба да постапуваме одлучно сега за да нема сомнеж во тоа, пишува Рот на Твитер.

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе допатува во дводневна посета на Северна Македонија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што тој ја претставува Германија, па во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен врз надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка за земјава со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Слични содржини