Рот: Цртањето граници е опасен и погрешен пат за Западен Балкан

од Берта Китинска

Преместувањето на границите на Балканот е игра на оган, рече Михаел Рот, државен секретар во германското Министерство за надворешни работи задолжен за Европа, во интервју за ДВ, коментирајќи ги тековните дискусии за „нон-пејпер“ на словенечката влада

-Со поместување на границите не се решава никаков проблем на Западен Балкан, напротив. Нешто такво би било крајно опасно и би се заканувало повторно да ја отвори пандорината кутијата со потенцијал за конфликт. Не мора да бидете пророк за да го кажете тоа. Сегашноста и иднината на Западен Балкан лежат во помирување, тесна регионална соработка и конечно заминување од национализмот и реваншизмот. Западен Балкан бил и ќе остане дом на мултирелигиозни и мултиетнички општества. Тоа е предуслов за мир, просперитет и демократија. Затоа сум убеден дека словенечката влада јасно се огради од фантазијата за промена на границите. Затоа што не може да биде во интерес на никого во Европа, вели Рот.

Тој вели дека живееме во слободна демократија и секако секој е слободен да започне дебата и да дава предлози

-Уште еднаш: цртањето граници е опасен и погрешен пат за регионот, тој не може да биде од сериозен интерес за никого во Западен Балкан. Мојот став е јасен: фантазиите за поместување на границите се дефинитивно прашање на едно неуспешно минато, вели тој.

Слични содржини