Роулинг: Знаев дека многу луѓе ќе бидат незадоволни од моите ставови за трансродовите прашања

од Stefanija Kuzmanovska

Авторката на серијалот книги за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, изјави дека знаела дека „многу луѓе ќе бидат незадоволни“ откако јавно ги објави своите ставови за трансродовите прашања.

Во подкастот насловен „Судење на вештерки“, Роулинг рече дека и покрај тврдењата на некои во јавноста дека ја „изневерила“ пораката од романите за Хари Потер, таа „апсолутно стои зад ставовите“.

Роулинг ретко дава интервјуа, а во подкастот се потсети на нејзиниот твит од 2019 година за поддршка на Маја Форстатер, која ја загуби работата откако објави дека трансродовите жени не можат да го променат својот биолошки пол.

„Бев длабоко вознемирена од фактот дека она што го гледав како културно движење беше донекаде нелиберално во своите методи и сомнително во своите идеи. Апсолутно знаев дека ако зборувам јавно, многу луѓе кои ги сакаат моите книги ќе бидат длабоко незадоволни од мене“, рече Роулинг.

Таа изјавила дека „повремено се плаши за својата безбедност и безбедноста на нејзиното семејство“, како и дека „времето ќе покаже дали згрешила“.

Слични содржини