Роверот на НАСА за првпат возеше по површината на Марс, објавени фотографии

од Stefanija Kuzmanovska

Роверот „Упорност“ на НАСА за првпат се движеше на површината на Марс. Како што може да се види на објавените фотографии, роботот со тежина од еден тон премина кратко растојание и се сврте во круг.


Планот на американската агенција е „Упорност“ да помине растојание од 15 километри во рок од две години.

Клучна цел на мисијата на „Упорност“ на Марс е астробиолошко истражување кое вклучува потрага по знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетите и климата во минатото и ќе го отвори патот за истражување на Црвената планета од страна на луѓето и ќе биде првата мисија која ќе собере и складира примероци од карпи од Марс.

Слични содржини