РСБСП: Бидете одговорни, возете безбедно во зимски услови

од Stefanija Kuzmanovska

Возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови, им порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на возачите.

-Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата. Возете внимателно и со намалена брзина, одржувајте растојание од другите возила и избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот, велат од РСБСП.

Препорачуваат возачите во возилото секогаш да носат зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.), а возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите).

Проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл. Користете зимски гуми. Исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото, советуваат од РСБСП.

Слични содржини