РСЕ: Потписите поизвесни, за влада има време

од desk2

Првата средба Заев-Ахмети по неуспехот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да формираат влада, според дел аналитичари е сигнал дека Заев ќе ги добие потписите за мандат, информира РСЕ.


Но што ќе се случува понатаму, ќе треба да се види од исходот на преговорите за формирање влада.
Ненајавената средба меѓу лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети од аналитичарите се перцепира различно – од извесност за добивање на потписите за мандат, до сигнал за оддалечување на позициите.

Според политичкиот аналитичар Агим Јонуз, сите се под некаков притисок. Груевски е под притисок на сопственото минато, сегашност и иднина, Заев на меѓународната заедница да го покаже својот став дека ја внесува Македонија во една поубава фаза, а Ахмети е под двоен притисок и од својот етникум и од сите политички партии заедно, додава Јонуз.

„Според мене, Заев ќе го добие мандатот, но според изјавите на албанската страна тие ќе ги дадат потписите, но преговорите за влада дури тогаш ќе почнат. Тоа значи дека се остава отворен простор и покрај тоа што Заев ќе биде мандатар за состав на новата влада, да не успее, како што не успеа и со Груевски“, вели Јонуз.

Претседателот на СДСМ Заев синоќа рече дека одредени разлики надминале додавајќи дека иако тој ги чека потписите,а и да не ги добиел немало да се менува Уставот. За разликите што остануваат Заев не откри многу, но рече дека тие се во толкувањето на уставната имплементација на практичната реализација на законот. Тоа што Заев отиде во седиштето на ДУИ во Мала Речица, според политичкиот аналитичар Александар Даштевски е сигнал дека не се блиску до договор.

„Мислам дека ова е некаков обид од страна на СДСМ да се направи влада, но заедничка е констатацијата дека не успеале во тоа. Поентата е иста поради која не прифати и ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат да се отвора Уставот, што не сака ниту Заев“, вели Даштевски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

loading...

Слични содржини