РСЕ: Во последниот пакет санкции против Русија, ЕУ предвидува изземање за Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Како дел од новиот пакет санкции против Русија, министрите за енергетика на Европската унија (ЕУ) најверојатно ќе одобрат мерка со која земјите од Западен Балкан се ослободуваат од ограничувањата за руската сурова нафта, чија цел е да се избегне можното заобиколување на санкциите.

„За да се заштити енергетската безбедност на Западен Балкан, неопходно е да се предвиди отстапување што ќе овозможи транзит на руска сурова нафта преку гасоводот низ Хрватска, под услов таквиот транзит да остане во границите на просечните нивоа на транзит од претходните години за да се избегне заобиколување (санкции)“, се наведува во текстот на предлогот за нови мерки, до кои пристап имаше Радио Слободна Европа (РСЕ).

Оваа одредба се однесува на оние земји од регионот, кои немаат излез на море и кои увезуваат сурова нафта преку Хрватска.

Министрите за енергетика денеска на вонредна средба што ќе се одржи на 30 септември разговараат и одлучуваат за мерките и новиот пакет санкции.

Мерките главно се однесуваат на определување лимити на цената на нафтата, а ќе се одлучи да се забрани транспортот на нафта чија цена ја надминува договорената гранична цена што треба да ја постави Унијата.

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ќе одлучуваат и за итни мерки поврзани со неочекуваниот профит на енергетските компании и ќе разговараат за ограничување на цените на бензинот.

Слични содржини