РСС: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

од Vladimir Zorba

Регионалниот совет за соработка (РСС) предупредува дека Регионалниот договр за роаминг на Западен Балкан е јасен и дека трошоците за роаминг треба да бидат 0, односно да нема трошоци за роаминг.

„Загрижени граѓани постојано ни јавуваат и велат дека одделни оператори не ги известуваат за тоа дека од 1-ви јули 2021 повеќе нема трошоци за роаминг, дека пораките се неодредени и комплицирани, а особено оние врзани користење на мобилни податоци, односно интерент. Ги повикуваме телеком операторите и националните регулаторни тела да обезбедат адекватни известувања, како и примена на догворот. Покрај тоа, граѓаните се советуваат за дополнителни информации да ги контактираат своите оператори. Во Регионалниот договор за намалување на цените на роамингот јасно се наведува:

Од 1-ви јули 2021 година давателите на услуги за роаминг во регионот на Западен Балкан нема да наплатуваат никаков дополнителен надомест на домашната малопродажна цена на корисниците на роаминг во регионот на Западен Балкан за регулирани повици во роаминг, појдовни или дојдовни, за сите регулирани СМС пораки кои се праќаат во роаминг и регулирани услуги на пренос на податоци во роаминг, вклучувајќи и ММС пораки, како ниту општ надомест за користење на терминалната опрема или услуги во странство“

Текстот на Договорот може да се погледне на следниот линк: https://www.rcc.int/docs/476/regional-roaming-agreement-for-the-western-balkans
РСС во истовреме наведува дека во соработка со националните регулаторни тела подготвиле список на најчесто поставувани прашања кои може да ги имаат граѓаните, а кои се поврзани со бесплатниот роаминг на Западен Балкан и тие прашања и појаснувањата и на македонски, можат да се прочитаат на следниот линк: https://www.rcc.int/docs/583/answers-to-frequently-asked-questions-on-roaming-free-western-balkans
Регионалниот совет за соработка повтори дека седната фаза е почеток на работата со Европската унија за намалување на цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, уште вчера на Форумот во Преспа ги повика премиерити да си проверат со националните регулаторни тела и со операторите, дали операторите се придржуваат до договорт, затоа што примиле повици од загрижени граѓани дека од одделни оператори тој не се спроведува.

Слични содржини