Ру Пол доби ѕвезда на Булеварот на славните

од Vladimir Zorba

Ру Пол доби своја ѕвезда на Холивудскиот Булевар на славните. Па така тој влегува во историјата, станувајќи првиот трансвестит со својата ѕвезда на светскиот познатиот булевар.

Фановите на Ру Пол го поздравија во неделата, откако дојдоа со слики и списанија од најславните времиња на уметникот, кога со Сер Елтон Џон го снимија својот вечен хит „Don Go Breaking My Heart“.

57-годишниот уметник призна дека добивањето на ѕвезда, заедно до најголемите светски ѕвезди во шоу-бизнисот, е остварување на „детскиот сон“.

„Ова е несомнено најважниот момент во мојата професионална кариера“, вели Ру Пол, кој во моментов е телевизиски презентер.

80-годишната Џејн Фонда го претстави Ру Пол, истакнувајќи ги неговите заслуги за ЛГБТ општеството. Според неа, тој поттикнал милиони луѓе ширум светот да ги следат своите соништа. Во моментов, тој е продуцент и водител на реалити шоу за трансвестити.

Минатата година, Ру Пол се омажи за неговиот пријател Жорж Лебар.

Слични содржини