Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина треба да се постигне наскоро

од Milan1
31 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека мировен договор меѓу Русија и Украина треба наскоро да се постигне и дека Вашингтон се обидува да утврди дали вреди да се продолжи со посредништвото во преговорите.

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овој напор ако тоа нема да се случи“, изјави Рубио за Ен-Би-Си.

Рубио не кажа колку долго администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да чека на резултатите од преговорите, пренесува Танјуг.

„Изминатата недела навистина беше посветена на откривање колку се всушност блиски овие страни и дали се доволно блиски за ова да заслужува континуирано инвестирање од нашето време како посредници“, заклучи Рубио, а објави Ројтерс.

Слични содржини