Ручек полн витамини: Посен подварок

Потребно:

– мала кисела зелка
– 50 мл маслиново масло
– 1 главица кромид
– пипер
– 3 чешниња лук
– 3 компири
– сол, бибер

Подготовка:

Зелката ситно исечкајте ја на резанки. Кромидот ситно исечкан, пропржете го па додајте ја сечканата зелка и пржете. Намалете го оганот и постојано мешајте.

Кога ќе добијат златно-жолта боја готов е. Додајте малку пипер по желба и сечканиот лук.

Компирот сварете го, изгмечете го и измешајте го во зелката.

Сервирајте го со пржена зелка.

Слични содржини