Рудар и татко на повеќе од 30 деца ископал еден од најретките минерали во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ откако ги ископа двете најголеми парчиња танзанит, еден од најретките минерали во светот.

Саниниу Лаизер заработи 7,7 милијарди танзаниски шилинзи, или 3,4 милиони долари, со продажба на двете парчиња танзанит, тежок 9,2 и 5,8 килограми. Досега најголемиот ископан танзанит тежеше 3,3 килограми, пишува РТС.

„Фокусот, одлучноста, многу напор и упорност се мојата тајна. Сакам да им се заблагодарам на сите“, рече Лаизер.

52-годишниот рудар има четири сопруги со кои има повеќе од 30 деца.

Танзанит е еден од најретките минерали во светот и може да се ископа само во малата област на Танзанија со површина од 14  километри квадратни.

Се користи во изработката на накит и украси, а за првпат се користеше комерцијално од компанијата за накит „Тифани“.

Слични содржини