Руни: МЛС не е чекор наназад

од Vladimir Zorba

Тренерската кариера во САД не е чекор наназад, вели поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, кој го презеде ДиСи Јунајтед. 36-годишниот поранешен напаѓач, кој играше за американскиот клуб во периодот од 2018 до 2019 година, го напушти Дерби Каунти поради финансиски проблеми на крајот од сезоната.

„Прочитав неколку написи во Англија дека се враќам чекор назад во мојата тренерска кариера, но мислам дека тоа е непочитување кон МЛС лигата. За мене е голем предизвик да го водам мојот поранешен клуб ДиСи Јунајтед и јас верувајте дека овде можам да се развивам како тренер“, изјави Руни, кој се уште чека работна виза.

„Јас сум амбициозна личност и сакам еден ден да го достигнам највисокото ниво, а ова е дел од целиот процес. Особено со ДиСи Јунајтед имам добри и топли односи, претходно сум бил тука и нема МЛС тим што би сакал да го водам повеќе“.

Како фудбалер, Руни има 253 гола за Манчестер Јунајтед и пет титули.

Слични содржини