Руни: Нека му каже некој на Мбапе дека Меси имаше 4 „Златни топки“ на негова возраст

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе денеска е најплатениот фудбалер во светот со годишна нето плата од дури 50 милиони евра.

Покрај тоа, овој договор му дава на Мбапе голема моќ во клубот, бидејќи може директно да влијае на менаџерските одлуки, па може и да го одобрува доаѓањето на тренерот.

Неодамна на првенствен натпревар влезе во вербален конфликт со Нејмар кој ја зеде топката за да изведе пенал, а во таа прилика, при поминување, го оттурна и Лео Меси.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја критикуваше ѕвездата на Пари Сен Жермен поради ова.

„23-годишен играч си дозволува да го турка Лео Меси?! Такво его не сум видел во животот. Некој треба да го потсети Мбапе дека Лео Меси веќе имаше четири златни топки на негова возраст“, ​​изјави Руни.

Слични содржини