Рушиди: Го поздравуваме кажаното од Пендаровски дека Законот за јазици не е противуставен

од Aleksandar Todeski

Рано е да се даде оцена за работата на Стево Пендарвоски, смета Сурија Рушиди од Алијансата за Албанците.

„Го поздравуваме кажаното дека Законот за јазици не е противуставен. Самиот факт дека Пенаровски даде препорака до идната власт да се занимава со судството е признавање дека досегашната влада не успеја сериозно да спроведе реформи со правосудството, бидејќи во самата влада има фактор наследен од претходната власт кој спречува реформи во правосудството“, истакана Рушиди, мислејќи на коалициониот партнер во владата, ДУИ.

А.Т.

Слични содржини