Русија: САД и сојузниците го тестираат трпението на Пјонгјанг

од Stefanija Kuzmanovska

Москва со загриженост ја следи ситуацијата околу Корејскиот полуостров, во време кога САД и нивните сојузници го тестираат трпението на Пјонгјанг, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Со загриженост го следиме развојот на настаните“, изјави Рјабков за новинарите, коментирајќи ги извештаите за лансирање на севернокорејски проектили, пренесува ТАСС.

Северна Кореја денеска истрела нова ракета, најверојатно интерконтинентална балистичка ракета, соопшти Јужна Кореја, еден ден откако Пјонгјанг лансираше помала ракета.

Слични содржини