Русија го потврди продолжувањето на договорот за жито

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека договорот за жито автоматски ќе биде продолжен за четири месеци во истиот формат, но предупреди и дека секој обид да се искористи хуманитарниот коридор за извоз на жито во Црното Море за провокативни воени цели, ќе бидат одлучно потиснати.

Како што се објаснува во соопштението, договорот за житото што на 22 јули во Истанбул го потпишаа Русија, Турција, Украина и ОН автоматски се продолжува за 120 дена во истиот формат, бидејќи ниту една страна немала приговор.

„Руската страна остава и можност за техничко продолжување на Црноморската иницијатива без никакви промени во однос на рокот и опсегот“, се прецизира во соопштението.

Слични содржини