Русија: Испораката на британски тенкови во Киев ќе го ескалира конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Снабдувањето на Киев со британски тенкови Челинџер 2 ќе доведе до ескалација на конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин за руските медиуми.

„Британците најавија дека први ќе достават тенкови во Украина, што не можам да го коментирам од воена гледна точка, но од политички аспект, тоа е, без сомнение, ескалација“, рече Келин, пренесе ТАСС.

Тој посочи дека тенкот е офанзивно оружје, иако „до сега сите велеа дека на Украина треба да ѝ се даде само одбранбено оружје“.

Слични содржини