Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Русија побара на 8 февруари да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина, изјави Ванеса Фрејзер, постојан претставник на Малта, земја која претседава со Советот за безбедност во февруари.

Првиот заменик претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански, појасни дека средбата ќе биде посветена на перспективите за мирно решавање на украинската криза во контекст на зголемување на испораките на западно оружје за режимот во Киев, пренесува РИА Новости.

„Нема да ја пропуштиме годишнината од потпишувањето на Минските договори“, додаде рускиот дипломат.

Слични содржини