Русија: САД и ЕУ го попречуваат рускиот извоз на ѓубриво и жито

од Stefanija Kuzmanovska

Русија денеска соопшти дека не гледа напредок кога станува збор за олеснување на извозот на нејзиното ѓубриво и жито, дел од договорот со Украина, кој го смета за клучен за проширување на иницијативата за извоз на украинско жито преку Црното Море.

Захарова: Америка и Европската унија продолжуваат да поставуваат пречки

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави за новинарите дека САД и ЕУ го попречуваат рускиот извоз и додаде дека не е познато дали Москва ќе го продолжи учеството во иницијативата, која истекува на 19 ноември.

„САД и ЕУ продолжуваат да поставуваат пречки за извозот на руско ѓубриво и жито. Тоа ќе го земеме предвид кога ќе донесеме одлука дали да го продолжиме договорот за извоз на жито“, рече Захарова.

Слични содржини