Русија со закана до Западот: „Ќе одговориме ако испратите муниција со осиромашен ураниум“

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за надворешни работи реагираше на најавите дека Велика Британија може да ѝ достави на Украина муниција која содржи осиромашен ураниум.

„Москва нема да остане без одговор на намерите на Британија“, се вели во соопштението на руското МНР.

Тие се заканија со „сериозни последици“.

„Оваа одлука нема да остане без сериозни последици и за руско-британските билатерални односи и на меѓународно ниво, каде што првичната реакција на мултилатералните структури веќе укажува на целосно отфрлање на ваквите планови од страна на Лондон. Ние нема да ги оставиме таквите акции без одговор“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, претседателот на Русија Владимир Путин вчера по разговорот со Си Џинпинг ги коментираше најавите за можна испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Путин го предупреди Западот дека Русија ќе реагира доколку „колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента“.

„Денес се дозна дека Велика Британија, преку заменик-шефот на министерството за одбрана на земјата, најавила не само испорака на тенкови во Украина, туку и гранати со осиромашен ураниум. Се чини дека Западот навистина одлучил да се бори против Русија до последниот Украинец, и тоа не само со зборови, туку и со дела“, рече Путин.

Слични содржини