Русија воведе санкции за уште 36 граѓани на Велика Британија

од Nikola Popovski

Русија ја прошири црната листа на британски државјани за уште 36 имиња поради антируската политика на британската влада, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

На списокот има членови на британската влада, претставници на безбедносни агенции и новинари, пренесува ТАСС.

На листата се и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, министерот за регионален социо-економски развој, домување, заедници и локална самоуправа Мајкл Гов, канцеларот на Војводството Ланкастер Оливер Дауден и министерот без ресор Надим Захави.

Што се однесува до членовите на војската и безбедносните служби, на списокот е началникот на Генералштабот Патрик Сандерс, како и претставници на раководството на Стратешката команда на вооружените сили на Велика Британија и Националниот центар за сајбер безбедност.

Захарова додаде дека Москва не смета дека е целисходно да ја објави целосната листа.

„Лондон знае за кого станува збор“, заклучи Захарова.

Слични содржини