Русија започна големи воени вежби, вклучени повеќе од 3000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Руските стратешки ракетни сили започнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи Јарс, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

„Во вежбите се вклучени вкупно повеќе од 3.000 воени лица и околу 300 парчиња опрема“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Овие вежби уследија откако руското министерство за одбрана вчера објави дека руската морнарица истрелала суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море.

Слични содржини