Руси излегоа на улиците на Москва: Бараат анексија на источна Украина

од Nikola Popovski

Русите масовно излегоа на улиците на Москва и Санкт Петербург на собир за поддршка на припојувањето на окупираниот украински регион Донбас кон Русија. Во вторник четири украински окупирани региони – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – најавија референдум за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември. Одлуката беше поздравена од руските власти и осудена од западните политичари.

Луѓето на масовниот собир носеа руски знамиња, знамиња со рускиот симбол „З“ и натпис „Руси, Украинци, една нација, една држава“.

Кремљ: Украинските напади врз Донбас ќе ги третираме како напади врз Русија

Русија ќе ги смета обидите на Украина да ги врати териториите во Донбас како напади на свои територии, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Говорејќи на брифинг со новинарите во Москва, Песков се осврна на планираните референдуми во источна Украина, велејќи дека доколку се гласа за приклучување кон Русија, одредбите од рускиот Устав ќе важат и за новите територии. Песков рече дека процесот на приклучување на нови региони ќе потрае бидејќи за тоа е потребно одобрение од рускиот парламент и од претседателот, пишува хрватски „Индекс“.

„Не можам со сигурност да кажам колку долго ќе трае овој процес. Уверен сум дека ќе биде брз“, рече тој. Песков додаде дека безбедноста на референдумот е обезбедена „на соодветно ниво“, што ќе „спречи обиди за спречување на гласањето“.

Слични содржини