Русија: Америка воведува цензура на социјалните мрежи што ги контролира

од Vladimir Zorba

Социјалните мрежи „Фејсбук“, „ЈуТјуб“ и „Гугл“ пребарувачот воведоа строга цензура наместо слободен проток на информации и ги дисквалификуваат „непожелните масовни медиуми“, оцени рускиот претставник во ОБСЕ, Александар Лукашевич, јави агенцијата ТАСС.

Тој предупреди дека ЈуТјуб, кој е „контролиран“ од САД, ги избришал сите сметки на руската телевизија Крим-24 на 20 мај, како и сметките на двете руски новински агенции „ANNA News“ и „NewsFront“.

– Особено потенцирам дека сето тоа е направено без никакво соопштение или предупредување. Одеднаш, на илјадници претплатници им беше забранет пристап до видео материјали кои имаа мултимилионски посети на каналот, рече тој.

Ваквата политика, вели тој, е грубо кршење на меѓународните обврски кои гарантираат непречен пристап до информации, слобода на медиуми и изразување.

Слични содржини