Русија бара задолжително домашен софтвер во смартфоните кои се продаваат во земјата

од Vlatko K

Руските пратеници нудат домашните софтверски производи да бидат задолжителни за паметните
телефони што се продаваат во земјата. Ако не го исполнуваат ова барање, трговците ќе бидат
казнети со парична казна, пренесе „Ројтерс“.


Сите паметни телефони, компјутери и паметни телевизори што се продаваат во Русија треба да
вклучуваат прединсталиран руски софтвер, се вели во новиот предлог-закон, чија цел е поддржана
од локални продавачи на софтвер.

Предлог-законот, доставен до долниот дом на Парламентот во четвртокот, ќе им овозможи на
властите да изготват листа на задолжителен руски софтвер во уредите. Ако биде усвоен, ќе стапи
во сила од јули 2020 година.

На рускиот пазар на мобилни телефони доминираат производите на Apple, Samsung и Huawei.
Предлог-законот предвидува казни за компании кои продаваат уреди без претходно инсталиран
руски софтвер во износ од 50.000 до 200.000 рубли (790-3.170 долари) од јануари 2021 година.

Предлогот ќе стане закон само ако е поддржан на три гласања во долниот дом на парламентот, а
потоа и од горниот дом и од претседателот Владимир Путин.

Во текот на последните пет години, Русија спроведува построги закони за интернет што ги
обврзуваат пребарувачите да избришат некои резултати, комуникациските услуги да ги
споделуваат клучевите за криптирање со безбедносните служби, а социјалните мрежи да ги
складираат корисничките податоци на сервери во земјата.

Слични содржини