Русија добива три милијарди долари за оружје

од Nikola Popovski

Земјите кои на Русија и должат пари за воената опрема што им е доставена во претходните години, почнуваат да ги враќаат долговите.

Неименуван извор од областа на воено-техничката соработка наведува дека долговите се акумулирале како резултат на трансакции во американска валута.

„Сега платниот систем е регулиран, ние се откажуваме од доларот и преминуваме кон националните валути, вклучително и еврото“, се вели во соопштението.

Според неофицијалните податоци, земјите што увезуваат руско оружје му должат на Русија околу 3 милијарди долари, пишува Спутник.

Во САД стапува на сила Актот за санкции, кој предвидува санкции против одбранбено-индустрискиот комплекс на Русија, како и земјите што купуваат руско оружје.

Слични содржини