Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори

од Nikola Popovski

Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори, но иницијативата за нивно продолжување е во Киев, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински.

„Асошиејтед прес“ јавува, а Гардијан пренесува, дека помошникот на Кремљ Владимир Медински изјавил во интервју за белоруската телевизија дека „Русија никогаш не одбила разговори“.

„Од наша страна сме подготвени да го продолжиме дијалогот“, рекол Медински.

„Замрзнувањето на разговорите беше целосно иницијатива на Украина“, порачал тој, додавајќи дека „топката е целосно на нивен терен“.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, редовно се водат разговори меѓу руската и украинската делегација, лично и преку видео врска.

Во март, шефовите на дипломатиите на Украина и на Русија се сретнаа на неуспешни разговори во Турција, по што следеше средба на делегации во Истанбул, која исто така не донесе конкретни резултати, потсетува Гардијан.

Во вторникот, главниот преговарач на Киев, Михајло Подољак, рече дека преговорите со Москва „се на чекање“.

Слични содржини