87
Руските власти наредија евакуација во Белгородската област, на границата со Украина, пред офанзивата на украинските сили утринава.
„Има непријателски активности на границата на областа Краснојарушки“, рече гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на Телеграм.
Тој апелираше до жителите на овој крај да се засолнат „на побезбедни места“.
Областа Краснојаруш има околу 14.000 жители.
Евакуацијата во Белгородската област се врши во време кога руската армија се соочува со украински вооружен упад во областа Курск во кој, според украинската страна, учествуваат илјадници војници.