Актуелно
Почетна / Спорт / Русија: Фудбалот продолжува на 19 јуни

Русија: Фудбалот продолжува на 19 јуни

Руското фудбалско првенство ќе биде продолжено на 19 јуни со натпреварот Крилја Совјетов – Ахмат од 20-тото коло, објавија од Премиер лигата на земјата.

Дербито од рундата помеѓу ЦСКА (Москва) и Зенит ќе се игра на 20 јуни. Четвртфиналето за Купот на Русија е закажано за 23-25 ​​јуни, се вели во официјалното соопштение.

Од РПЛ прокоментираа дека тие направиле големи напори во подготовката на календарот, така што нема екипи кои се позафатени од другите.

До 3 август, Русија мора да обезбеди на УЕФА список со свои учесници на европските турнири следната година.

loading...