Русија ги осуди американските и британските санкции против Додик

од Vladimir Zorba

Официјална Москва ги осудува американските и британските санкции против српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и други претставници на БиХ, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Како што вели, Западот се обидува да го реформатира Балканот по свои стандарди.

„Силно ги осудуваме едностраните кадровски ограничувања наметнати на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и на бројни официјални претставници на таа држава“, рече портпаролката во изјавата објавена на веб-страницата на МНР.

Слични содржини