Русија ги укинува ограничувањата: Воспоставена авио-линијата Москва-Скопје

од Nikola Popovski

Русија од 28 јуни официјално ги укинува ограничувања за летови со неколку земји, вклучително и релацијата Москва-Скопје.

-По дискусијата и разгледување на епидемиолошката состојба во голем број земји, донесена е одлука за продолжување на реципрочниот редовен воздушен сообраќај со повеќе држави, која ќе стапи на сила од 28 јуни 2021 година, се вели во соопштението на руската влада.

Граѓаните во иднина со директен лет од Скопје ќе можат да патуваат во Москва и тоа еднаш неделно, во петок.

Рускиот центар за реакции исто така ги советувал патниците да се вакцинираат пред да летаат во странство за дополнителна заштита од новиот коронавирус.

Слични содржини